Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Пертусис (голема кашлица): Што родителите треба да знаат

Лекари за информирана согласност (Physicians for Informed Consent – PIC)  е коалиција од лекари и партнер со многу непрофитни организации кои се борат за правото на информирана согланост при вакцинацијата. Мисијата на Лекарите за информирана согласност (PIC) е да достави податоци за заразните болести и вакцините и да ги обедини лекарите, научниците, здравствените работници, адвокатите и семејствата кои ја поддржуваат доброволната вакцинација.  Визијата на Лекарите за информирана согласност е лекарите и јавноста да можат објективно да ги проценат податоците за заразните болести и вакцините и доброволно да се вклучат во информирано донесување одлуки за вакцинацијата.

 

 

ШТО Е ПЕРТУСИС?

 

  • Пертусисот е бактериска инфекција. Симптомите на пертусис вклучуваат почетна фаза на симптоми слични на обична настинка (течење на носот, кивање, слаба треска и блага кашлица). (1) По 1-2 недели, некои случаи развиваат рафали на бројни брзи кашлици обично придружени со висок тон-  вуф. (2)
  • Инфицираните адолесценти и возрасни обично имаат поблаги симптоми од доенчињата и малите деца. (2)
  • Околу 82% од инфекциите со пертусис се бенигни и не се пријавени во одделенијата за јавно здравје. (3)
  • Пред да се воведе програмата за масовна вакцинација против пертусис, скоро сите случаи на пертусис се случиле кај деца на возраст од 9 или помлади. (4)
  • Во ретки ситуации, пертусисот може да биде фатален. Повеќето фатални случаи на пертусис се јавуваат во детството, пред едногодишна возраст. (5)

 

КОИ СЕ РИЗИЦИТЕ?

 

Во модерната ера, ретко е да се има фатален случај на пертусис во САД. Помеѓу 1900 и 1945 година, пред да започне широката употреба на вакцината против пертусис, стапката на смртност од пертусис се намалила од 16,1 на 100.000 на 1.3 на 100.000 во населението, поради напредокот во условите за живот, исхраната и здравствената заштита – пад од 92% Сл. 1). (6)

Истражувачките студии проценуваат дека, во отсуство на масовна вакцинација, ризикот доенчето помладо од 1 година да добие фатален случај на пертусис во САД во 21 век е околу 1 на 46.000 или 0,002%.

 

 

 

 

Слика 1: Стапката на смртност од пертусис се намали за 92% од 1900 до 1945 година, пред широката употреба на вакцината против пертусис во доцните 1940-ти.

 

 

 

КОИ ТРЕТМАНИ СЕ ДОСТАПНИ?

 

Бидејќи пертусисот во повеќето случаи се решава сам по себе, обично е неопходна само супортивна нега.

Опциите за третман го вклучуваат следново:

  • Одмор;
  • Хидратација;
  • Антибиотици – опциите вклучуваат азитромицин, кларитромицин, еритромицин и триметоприм-сулфаметоксазол. (2)

 

   ШТО Е СО ВАКЦИНАТА ЗА ПЕРТУСИС?

 

Широката употреба на вакцината против пертусис во САД започна во доцните 1940-ти, а вакцината против пертусис беше комбинирана со токсоиди за дифтерија и тетанус (вакцини) како ДТП во 1948 година. Таа значително ја намали инциденцата на пријавени (т.е. забележливи) случаи на пертусис инфекции; сепак, студија на Агенцијата за храна и лекови на САД (FDA) покажува дека вакцината не спречува асимптоматска инфекција или пренос. (8,9)

 

 

 

Упатството на производителот содржи информации за состојките на вакцината, несаканите реакции и проценките на вакцините. На пример, вакцината против пертусис „не е евалуирана за канцероген или мутаген потенцијал или нарушување на плодноста“. (10) Понатаму, ризикот од трајна повреда или смрт од вакцината против пертусис не е докажано помал од оној на пертусис (сл. 2). (11)

 

 

Слика 2: Овој график ја прикажува стапката на смртност од пертусис во отсуство на масовна вакцинација и ја споредува со водечките причини за смрт кај децата под 10-годишна возраст денес. Оттука, во отсуство на масовна вакцинација, стапката на смртност од пертусис на 100.000 е 0,31 за деца под 10-годишна возраст. Во 2015 година, стапката на смртност на 100.000 за убиство беше 1,3, проследена со рак (2,0), СИДС (3,9), ненамерна повреда (8.2) и вродени аномалии (13.6). Стапката на смртност или трајна повреда од вакцината против пертусис е непозната бидејќи достапните истражувачки студии не се во можност да ја измерат со доволна точност.

 

 

 

Извор: Лекари за информирана согласност

 

DTaP – Податоци за ризик од вакцината DTaP (дифтерија, тетанус и пертусис)

 

 

Референци:

 

  1. Centers for Disease Control and Prevention. Epidemiology and prevention of vaccine-preventable diseases. 14th ed. Hall E, Wodi AP, Hamborsky J, Morelli V, Schillie S, editors. Washington, D.C.: Public Health Foundation; 2021. 240. https://www.cdc.gov/vaccines/pubs/pinkbook/downloads/pert.pdf.
  2. Centers for Disease Control and Prevention. Epidemiology and prevention of vaccine-preventable diseases. 13th ed. Hamborsky J, Kroger A, Wolfe S, editors. Washington, D.C.: Public Health Foundation; 2015. 262, 265. https://physiciansforinformedconsent.org/cdc-pink-book-13th-edition-2015/.
  3. Cherry, JD. Pertussis in the preantibiotic and prevaccine era, with emphasis on adult pertussis. Clin Infect Dis. 1999 Jun;28 Suppl 2:S109. https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/10447027/.
  4. Gordon JE, Hood RI. Whooping cough and its epidemiological anomalies. Am J Med Sci. 1951 Sep;222(3): 345. https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/14877820/.
  5. National Center for Immunization and Respiratory Diseases (U.S.), Division of Bacterial Diseases, Centers for Disease Control and Prevention. Washington, D.C.: U.S. Department of Health and Human Services. 2014 final pertussis surveillance report; 2015 Oct. https://stacks.cdc.gov/view/cdc/35737.
  6. Grove RD; Hetzel AM; U.S. Department of Health, Education, and Welfare. Vital statistics rates in the United States 1940–1960. Washington, D.C.: U.S. Government Printing Office; 1968. 559-87. https://stacks.cdc.gov/view/cdc/6200.
  7. Magno H, Golomb B. Measuring the benefits of mass vaccination programs in the United States. Vaccines. 2020 Sep 29;8(4):4-5. https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/33003480/; 71% (87) of the 123 pertussis deaths reported in the study were infants less than 1 year of age. Because there are about 4 million such infants in the population, the risk of fatal pertussis for those infants is 87 in 4 million (1 in 46,000).
  8. Warfel JM, Zimmerman LI, Merkel TJ. Acellular pertussis vaccines protect against disease but fail to prevent infection and transmission in a nonhuman primate model. Proc Natl Acad Sci USA. 2014 Jan 14;111(2):787-92. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3896208.
  9. Warfel JM, Merkel TJ. Reply to Domenech de Cellès et al.: infection and transmission of pertussis in the baboon model. Proc Natl Acad Sci USA. 2014 Feb 18;111(7):E718. https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/24693544/.
  10. Sanofi Pasteur Inc. Swiftwater (PA): Sanofi Pasteur. Daptacel (diphtheria and tetanus toxoids and acellular pertussis vaccine adsorbed); [cited 2022 Sep 29]. https://www.fda.gov/media/74035/download.
  11. Physicians for Informed Consent. Newport Beach (CA): Physicians for Informed Consent. Pertussis — vaccine risk statement (VRS). Pertussis vaccine: is it safer than pertussis? 2023 Apr. https://www.physiciansforinformedconsent.org/pertussis-vrs.
  12. Magno H, Golomb B. Measuring the benefits of mass vaccination programs in the United States. Vaccines. 2020 Sep 29;8(4):4,6. https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/33003480/; the study observed 123 pertussis deaths nearly all occurring in children under age 10. Because there are about 40 million such children in the U.S., the mortality rate is 0.31 per 100,000.
  13. Centers for Disease Control and Prevention. Washington, D.C.: U.S. Department of Health and Human Services. 10 leading causes of death by age group, United States—2015; [cited 2017 Jun 21]. https://www.cdc.gov/injury/images/lc-charts/leading_causes_of_death_age_group_2015_1050w740h.gif.