Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Кој е д-р Ендру Вејкфилд и кој е вистинскиот виновник за „враќањето“ на морбилите

„Периодот од мојот живот откако ми беше одземена лиценцата ми беше доста тежок. Потоа една вечер бев во Тексас , на дивиот Запад каде што никој не живее. Го гледав тоа огромно небо и безбројните ѕвезди над мене. И се почувствував така мал под тоа бесконечно небо…Кој сум јас да се осудам да барам нешто за себе? Не се работи за мене. Се работи за нешто далеку поважно. Во пространството на Универзумот, јас сум небитен. И тоа е така ослободувачки“.


Ова го расажа др. Ендру Вејкфилд во разговорот после мирниот собир на родители и деца на 8 јуни во Сплит, на прашањето зошто не пробува да си ја врати лиценцата за работа. Иако можеби се чини дека враќањето на лиценцата би го решило проблемот со повлечените студии, лекарскиот интегритет и осудувањата од страна на медиумите, но всушност тоа е невозможно токму поради корумпираноста на медиумите и на струката. Во случај да би успеал да се избори за лиценцата, дали медиумите би ја напишале вистината за тоа?

Д-р Вејкфилд, се посветил на ширење на вистината преку филмот и преку јавните настапи. Така го нашол начинот како да допре до јавноста, а исто така и до фамилиите со деца оштетени од вакцини. Д-р Вејкфилд вели дека во САД е скоро невозможно да се најде здраво дете, а знаеме дека тие имаат најзбиен календар на вакцинација. Приметил дека единствени здрави деца се токму невакцинираните и се прашува што ќе се случува во иднина доколку продолжи да расте бројот на заболени деца.

Исто така нагласи дека му е одземена лиценцата, тоа значи дозволата за работа, но академската титула доктор по медицински науки, никој не може да му ја одземе! Ниту да ги повлече сите научни трудови кои се објавени пред одземањето на лиценцата.

Во својот говор на собирот, ги повика сите хрватски лекари на расправа.

Дали морбилите се враќаат поради невакцинираните деца? Не, туку причината е во НЕУСПЕШНОСТА НА ВАКЦИНИРАЊЕТО. Д-р Вејкфилд објаснува како морбилите пред воведувањето на вакцината биле лесна болест која станувала уште полесна, имено, смртноста од таа болест паднала за 99.6% уште пред употребата на вакцината и тоа поради природниот имунитет. Тогаш скоро сите деца ги преболувале морбилите на возраст кога болеста е најлесна, а не на возраст кога е опасна, односно во првата година од животот и во возрасна доба. Природниот имунитет давал трајна заштита, цел живот, а мајките кои ги преболеле морбилите во детството, им овозможувале на децата одлична заштита во првата година од животот (преку доењето).

Кога ја воведоа вакцинацијата, вакцинолозите ВЕТИЈА:

  • дека една доза на вакцината ќе ги заштити СИТЕ ДЕЦА;
  • дека една доза ќе штити ЦЕЛ ЖИВОТ, исто како природно стекнатиот имунитет;
  • дека морбилите ќе бидат БРЗО ИСКОРЕНЕТИ;
  • дека вакцината НЕМА ДА ПРЕДИЗВИКУВА трајно оштетување на мозокот, разни повреди и смрт;
  • дека вирусот од вакцините нема да се шири од вакцинираните на невакцинираните деца.

Сите тие ветувања беа ЛАЖНИ! И тие се чудат зошто не им веруваме?!

Ситуацијата е уште полоша: вакцината всушност го УНИШТУВА ПРИРОДНИОТ ИМУНИТЕТ.

  • Прекината е природната промена на морбилите во се полесна болест;
  • Вакцината не штити доживотно и затоа не го штити колективот;
  • Возрасните веќе не се заштитени туку се повеќе подложни на морбилите кои веќе не се лесна болест;
  • Вакцинираните мајки веќе не пренесуваат (така добар) имунитет на своите деца и затоа новороденчињата веќе не се заштитени.

Вакцината не ги исполни очекувањата. Морбилите станаа ОПАСНА болест. Зошто би и верувале на струката која ги даде тие ветувања?!

Покрај тоа како што поради употребата на антибиотиците се развија резистентни бактерии, така во Европа поради вакцината се појави нов сој на морбили кој е отпорен на заштитата која би требало да ја даде вакцината. И тоа е многу загрижувачка ситуација.

Се случува уште една иронија. Концентрираниот крвен серум, кој се дава на лица со компромитиран имунитет во Соединетите Држави, стана бескорисен затоа што донаторите на крв повеќе немаат доволно антитела во крвта. Но, ние родителите треба да жртвуваме здрави деца за да ги заштитиме имунокомпромитираните деца за кои веќе нема соодветен лек!

„Медицинската фела арогантно сметаше дека ќе може да го контролира вирусот на морбили, а сега испаѓа смешна. Пропаднатата медицинска арогантност не може да ви наредува присилно да ги вакцинирате своите деца. Морате да барате целосна информирана согласност. Ништо помалку“.

„Луѓето во Хрватска мора да имаат контрола над своето тело и над телата на своите деца. Родителите најдобро знаат што е најдобро за нивните деца, а не докторите. Мајките ги знаат своите деца како никој друг. Мајките мораат да му веруваат на својот инстинкт и светот ќе биде побезбеден“.

Автор Златка Шинтич Кнапич

Извор