Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Дебатата за маските е решена

Преглед на Кохран од 2023 година за физички интервенции против респираторни вируси – Но, дали науката е веќе важна?

–  д-р Роберт Малоун

 

Што претставува библиотеката Кохран?

 

„Библиотеката Кохран содржи висококвалитетни, независни докази за информирање при донесување на одлуки за здравствената заштита. Вклучува сигурни докази од Кохран и други систематски прегледи, клинички испитувања и многу повеќе. Прегледите на Кохран ви ги носат комбинираните резултати од најдобрите светски медицински истражувачки студии и се препознаени како златен стандард во здравствената заштита заснована на докази“.

 

 

Библиотеката Кохран ја разгледува употребата на физички интервенции за прекинување или намалување на ширењето на респираторните вируси од 2010 година. Под физички интервенции, тие подразбираат маски, визири, наметки, миење раце итн.

 

Ова не е некој краткорочен проект, туку долгорочен, сериозен преглед на мета-анализа. Како што е наведено погоре, прегледите на Кохран се сметаат за златен стандард за здравствените агенции и професионалци. Кога Џил и јас ја поминавме нашата обука за стипендија на Харвард за глобално клиничко истражување, методологијата на Кохран за мета-анализа на медицинските истражувања беше научена како префериран метод.

 

Од студијата:

 

„Вовед

Вирусните епидемии или пандемии на акутни респираторни инфекции (АРИ) претставуваат глобална закана. Примери се грип (H1N1) предизвикан од вирусот H1N1pdm09 во 2009 година, тежок акутен респираторен синдром (САРС) во 2003 година и коронавирусна болест- 2019 година (COVID-19), предизвикана од SARS-CoV-2 во 2019 година.
Антивирусни лекови и вакцини може да бидат недоволни за да се спречи нивното ширење. Ова е ажурирање на прегледот на Кохран последен пат објавен во 2020 година.

Заклучоци на авторите

Високиот ризик од пристрасност во испитувањата, варијациите во мерењето на исходот и релативно ниското придржување кон интервенциите за време на студиите го попречуваат донесувањето цврсти заклучоци. Имаше дополнителни RCT за време на пандемијата поврзани со физички интервенции, но релативна скудност со оглед на важноста на прашањето за маскирање и неговата релативна ефикасност и придружните мерки за придржување на маската кои би биле многу релевантни за мерењето на ефикасноста, особено кај постарите лица и кај малите деца.

Постои неизвесност за ефектите од маските за лице. Ниската до умерена сигурност на доказите значи дека нашата доверба во проценката на ефектот е ограничена и дека вистинскиот ефект може да се разликува од набљудуваната проценка на ефектот.

Здружените резултати од RCT не покажаа јасно намалување на респираторната вирусна инфекција со употреба на медицински/хируршки маски.

Немаше јасни разлики помеѓу употребата на медицински/хируршки маски во споредба со респираторите N95/P2 кај здравствените работници кога се користат во рутинска нега за намалување на респираторната вирусна инфекција.

Хигиената на рацете веројатно скромно ќе го намали товарот на респираторните заболувања, и иако овој ефект беше присутен и кога ILI и лабораториски потврдениот грип беа анализирани одделно, не беше откриено дека има значајна разлика за последните два исходи. Штетите поврзани со физичките интервенции беа недоволно истражени.

Постои потреба од големи, добро дизајнирани RCT кои се однесуваат на ефективноста на многу од овие интервенции во повеќе поставки и популации, како и влијанието на придржувањето врз ефективноста, особено кај оние кои се изложени на најголем ризик од ARI“.

 

Оваа голема група меѓународни истражувачи прегледа десетици ригорозно точни, рандомизирани клинички испитувања на „физички интервенции“ против респираторни заболувања. Овие болести вклучуваат грип и КОВИД-19 за време на пандемијата, а овие истражувачи не успеаја да најдат ниту „скромно влијание“ врз стапката на инфекции или болести од кој било тип на маска. Понатаму, ефектите што ги има маскирањето врз здравјето, детскиот развој, развојот на говорот итн. се непознати и се недоволно истражени. Ерго – владите не го финансираат ова истражување. Без владино финансирање, одговорот за направената штета никогаш нема да биде одговорен.

 

Значи, еве сме во 2023 година. Зошто е ова важно? Поминаа наложувањата за маските, нели? Мислите дека ова е готово? Не за нашите деца и внуци. Направената штета сѐ уште трае и е реална.

„Во сините држави, како што се Њујорк, Њу Џерси, Масачусетс, Пенсилванија, Вашингтон и Калифорнија, маските во училиштата сè уште често се бараат“ – Дејли Мејл.

Само погледнете ги последните наслови:

 

 

Научноста ја замени науката.

За среќа, сѐ повеќе и повеќе Американци не го примаат коктелот. Само 15,5 проценти од Американците го примиле неодамнешниот бивалентен засилувач.

ЦКБ сега ја отстрани категоријата од 6 месеци до под пет на својата страница за следење вакцини, но податоците може да се најдат со подлабоко нуркање. Се чини дека е околу 8 проценти вакцинирани за оваа возрасна група.

Пораката излегува.

Мора да продолжиме да се бориме за нашите деца и нашето здравје.

Сега е време да се ослободиме од наложувањата за носење на маски и од способноста на ЦКБ повторно да наложува производи или масовни карантини.

Време е да ги вратиме изгубените лични слободи.

 

Автор: д-р Роберт Малоун

Извор

2024 © Developed by PROCESS IN. Hosted by  INHOST.