Од 26 октомври, најмалку 59 лица починаа, а пријавени се повеќе од 1.200 несакани реакции по агресивната кампањата за вакцинирање против грип во Јужна Кореја.
Секоја година, Центарот за контрола и превенција на болести (CDC) се обидува да направи опасни и неефикасни вакцини против грип за секој Американец на возраст од шест месеци нагоре. Минатата сезона на грип, иако опфатот на вакцинација против грип достигнаа скоро две третини (63,8%) кај децата (до 17 години) – повеќе од половина од возрасните (51,6%) ја одбија вакцината. Целта на ЦКБ е 70% покриеност и за деца и за возрасни.
Оваа година, официјалните лица беа премногу подготвени да го искористат КОВИД-19 како изговор за поагресивна промоција на вакцините против грип, повикувајќи се на „наѕирањето на закана“ од истовремена инфлуенца и САРС-CoV-2 епидемии.
Но, согледувајќи ги фактите како и најновите вести од Јужна Кореја, ова е прашање кое треба да биде разгледано од секој кој планира да се вакцинира против грип.
Од 26 октомври, најмалку 59 лица починаа по спроведувањето на наметната кампања за вакцинација против грип, а земјата доби повеќе од 1.200 извештаи за несакани реакции. Иако се чини дека повеќето жртви биле повозрасни лица, во редовите на починатите има и 17-годишно момче.
Children’s Health Defense претходно објави за смртни случаи по вакцини против грип кај деца на возраст од 3 до 14 години и кај млади возрасни во нивните дваесетти и триесетти години. CHD, исто така, ја изнесе врската помеѓу тимеросал (сè уште присутна кај многу вакцини против грип) и кардиоваскуларни оштетувања – асоцирачка поврзаност со оглед на тоа што ненадејната срцева смрт е во пораст кај адолесцентите и младите возрасни.
Како и во САД, Јужна Кореја се потпираше на загриженоста за корона вирусот со цел да го оправда силниот притисок за вакцинирање против грип и покрај само 457 смртни случаи досега припишани на КОВИД-19. Во септември, откако нарача 20% повеќе вакцини против грип од вообичаеното за да го намали стравот од „твиндемија“, Јужна Кореја мораше да исфрли пет милиони неправилно чувани дози. Сепак и покрај смртните случаи и вознемирувачките скандали со складирањето на вакцините и игнорирањето на молбите од страна на 130.000 члена на Корејската медицинска асоцијација да направат пауза – јавните здравствени власти на Јужна Кореја најавија дека ќе продолжат да „притискаат“ со своите напори за вакцинација. Сингапур, во меѓувреме, избра попретпазлив пристап, повлекувајќи ги двете марки на вакцини против грип и внимателно „следејќи ја ситуацијата“. Италија направи сличен избор во 2014 година кога суспендираше вакцина против грип на Новартис откако починаа 13 вакцинирани лица.
Неповрзани совпаѓања?
Во целиот свет, вообичаена тактика е службените лица и компаниите кои промовираат вакцини против грип да негираат дека вакцините можат да бидат фатални и да инсистираат на тоа дека придобивките ги надминуваат ризиците. За време на смртоносните настани во 2014 година во Италија, Новартис тврдеше дека бидејќи целната популација била постара и „подложна на ненадејни клинички настани, независни од вакцинацијата“, смртта била „само случајна“.
Во 2019 година, зачудувачки број од 1.531 постари лица од Јужна Кореја починаа во рок од седум дена откако добија вакцина против грип, но владата заклучи дека нема врска помеѓу двата настани. Оваа година го даде истото тврдење за смртта на луѓето. Всушност, агенцијата еквивалентна на ЦКБ во Јужна Кореја (KDCA), дава циркуларен аргумент дека во моментов нема причина за загриженост токму затоа што „последниот број на смртни случаи по вакцинацијата против грип не е поголем од претходните години“. Додека признава два потенцијално фатални несакани ефекти од вакцинацијата против грип – анафилакса и синдром Гилиан-Баре – KDCA наведува дека „немало таков случај меѓу смртните случаи по вакцинирањето оваа година“, што во суштина имплицира дека поради отсуството на: или непосредна алергиска реакција или долготрајна автоимуна реакција – вакцината не може да биде одговорна за смртните случаи.
Вреди да се спомене дека во САД, повредите и смртните случаи по вакцинирањето против грип се одговорни за повеќе од седум од 10 побарувања за оштета поднесени до Националната програма за компензација на повреди од вакцини и резултираа со исплати во просек од 60 милиони долари годишно, во период од 15 години. ЦКБ, исто така, признава дека смртни случаи поврзани со вакцини против грип и други сериозни несакани дејства се пријавени во Системот за пријавување на несакани настани од вакцини (VAERS). Во упатството на вакцина против грип Флублок (препорачана за Американци на возраст од 18 години или постари) се бележат смртни случаи во рок од шест месеци по вакцинирањето, но се наведува дека производителот смета дека сите смртни случаи не се поврзани со вакцината. Сите вакцини против грип кои се продаваат во САД и во светот наведуваат бројни сериозни несакани дејства во упатствата за користење.
Не вреди…
Секој што има барем слабо познавање на литературата за вакцини против грип, знае дека вакцините се далеку од ефикасни, не успевајќи ниту „значително да го намалат бројот на хоспитализирани заболени од грип“. Сѐ повеќе, се чини дека тие се тотално контрапродуктивни. На пример, студиите покажуваат дека вакцинирањето против грип ја зголемува подложноста на примателите кон други тешки респираторни вируси, вклучително и корона вируси, како и кон други типови на грип. Една студија покажа дека вакцинираните на 35 до 54 години имаат повеќе од четири пати зголемен ризик од заболување од грип во споредба со невакцинираните лица на иста возраст. Покрај тоа, кај лица кои се вакцинираат против грип секоја година, вакцините од претходните години ја намалуваат или ја „затапуваат“ веќе ниската ефикасност на вакцините.
Во прилог на случките во Јужна Кореја, постојат и други причини да се доведе во прашање „тешката продажба“ на вакцината против грип оваа година. Италијанските лекари забележале, дека многу од постарите жртви на КОВИД-19 минатата зима, добиле нов вид вакцина против грип, како и вакцина против хепатит Ц, неколку недели пред да се разболат. Како што истакна новинарот Џон Рапорт, „БИЛО КАКВИ вакцини дадени на луѓе чиј имунолошки систем е веќе ослабен, како што се старите и немоќни – автоматски се опасни и опасни по живот на високо ниво. Две вакцини во рок од неколку месеци, од кои едната додаде нов вирусен материјал и / или разни нови клеточни и генетски остатоци, плус вообичаените токсични хемикалии – и имате потенцијален рецепт за катастрофа“.
Двете вакцини што предизвикаа проблеми во Јужна Кореја се SKYCellflu Quadrivalent (вакцина на клеточна култура произведена од јужнокорејскиот производител SK Chemicals) и VaxigripTetra, произведени од Санофи. Негативниот публицитет за SKYCellflu и VaxigripTetra не може да биде добредојдена вест за ниту еден производител. SK Chemicals се фали дека „успеала да ја комерцијализира првата вакцина против инфлуенца во клеточна култура за деца и адолесценти на возраст од шест месеци до 18 години, како и втората во светот за возрасни“ и имплицира дека многу се полага на нивната „ вакцина од светска класа“, додека компанијата се подготвува да „се натпреварува на меѓународно ниво“. Привлечноста на методите со клеточна култура за производителите на вакцини против грип е фактот дека процесот го намалува времето на производство на половина, од шест на три месеци. VaxigripTetra е четиривалентна „сплит-вирион“ вакцина (што значи дека вклучува парчиња вируси наместо цел вирус) која е одобрена за европскиот пазар во 2016 година, за возраст од три и повеќе години. Меѓу другите состојки, вакцината на Санофи содржи формалдехид, неомицин и сурфактант октоксинол 9.
VaxigripTetra на Санофи е препорачана за употреба и во Република Македонија.
Иронично, Светската здравствена организација и ЦКБ неодамна опишаа „притаен тренд низ целиот свет“ на грипозни вируси- што „изчезнаа во акција“. Во септември, ЦКБ објави намалена активност на грип во САД и на глобално ниво, а во август, авторите од Харвард ја објавија истата „шема на намалена инциденца на грип во 2020 година“ во весникот на Американското здружение на лекари. Авторите од Харвард претпочитаат да го припишат задушеното присуство на грип на „нефармаколошките интервенции“ принудени врз светското население оваа година (како што се маски за лице и „ограничувања на движењето“), додека некои други научници шпекулираат дека инфекција со корона вирус, со или без симптоми, може да му „удри лакот“ на грипот. Сите овие „експерти“, се разбира, предупредуваат да не се релаксираат притисоците за вакцинација против грип – но можеби е добра година за оние со здрав разум да не ги послушаат.