Централната улога на имуноекцитотокситетот кај невроразвојни и невродегеретивни нарушувања предизвикани од адјуванси – алуминиум и жива
Д-р Расел Блејлок е лиценциран неврохирург, автор и предавач. Тој заврши медицински факултет на државниот универзитет во Луизијана во Њу Орлеанс , а општото хируршко стажирање и специјализација по неврохирургија на Медицинскиот универзитет во Јужна Каролина во Чарлстон. За време на специјализацијата, тој работел со еминентен неврохирург, д-р Лудвиг Кемпе. Заедно тие развија трансалозозно отстранување на интравентрикуларни тумори – техника која сеуште се користи и денес. 25 години работеше во областа на неврохирургија, а покрај тоа работеше и на полето на нутриционизмот. Неодамна се повлече од своите неврохируршки должности да посвети целосното внимание на истражување во областа на нутриционизмот и неврологијата.
Блејлок е автор на три книги за исхраната и здравјето: Екситотоксини – вкусот што убива, Тајните на здравјето и Исхрана што може да ви го спаси животот и природните стратегии за пациенти со карцином. Коавтор е на книгата Целуларна и молекуларна биологија на нарушувања од спектарот на аутизам со д-р Ана Струнечка и напиша над 40 трудови објавени во рецензирани списанија. Блејлок работи за редакцијата на списанието Флуорид, Журналот на американските лекари и хирурзи и Журналот на американското здружение за нутриционизам. Блејлок е назначен во Научниот советодавен одбор на фондацијата Life Extension. Тој е добитник на наградата за интегритет во науката во 2004 г., доделена од фондацијата Вестон А. Прајс. Баран гостин на радио и телевизиски програми. Тој држи предавања на професионална медицинска и општа публика за различни теми поврзани со исхраната. Работел како асистент професор по неврохирургија на Медицинскиот центар при Универзитетот во Џексон, Мисисипи, како и професор по биологија на Универзитетот Белхавен, исто така во Џексон.