Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

СЗО конечно призна дека PCR тестот за КОВИД-19 има „проблем“

Новото Упатство на СЗО, кое вклучува пониски прагови (број на циклуси) на PCR, речиси гарантира дека броевите на КОВИД „случаи“ автоматски ќе паднат драматично низ целиот свет.


Светската здравствена организација (СЗО) соопшти нови правила во врска со PCR анализите што се користат за тестирање на КОВИД19. И покрај тоа што беа и сѐ уште се широко користени низ светот за да се утврди кој е позитивен случај на КОВИД, PCR методата не е дизајнирана да се користи како дијагностичка алатка, бидејќи не може да прави разлика помеѓу неактивни вируси и „живи“ или оние кои се репродуктивни.

За потсетување, PCR е лабораториска техника позната како верижна полимераза реакција. Во овој тест, целта е селективно да се засилат трагите на генетскиот материјал, идентификуваат специфични делови на ДНК. Пред сѐ ова е производствена техника и најдобра примена има во форензиката.

Бидејќи САРС-КоВ-2 е РНК вирус, се користи обратна транскрипција со PCR или RT-PCR. Во лабораторијата, примерокот се обработува така што РНК е изолирана и собрана. Сè друго треба да е отстрането. РНК се меша со други состојки: ензими (ДНК полимераза и обратна транскриптаза), ДНК градежни блокови, кофактори, сонди (флуоресцентни молекули) и прајмери кои го препознаваат и се врзуваат за САРС-КоВ-2. Потоа РНК се претвора во ДНК копија, а таа единечна копија потоа се претвора во милиони примероци со употреба на PCR што може лесно да се открие. Количината на копиите, односно на добиениот генетски материјал зависи од бројот на циклуси кои се користат.

(Повеќе за PCR и останатите тестови можете да прочитате овде).

 

Работата е дека низ колку повеќе циклуси минува тестот, толку е поголема веројатноста дека ќе се појави лажна позитива. Бројот на циклуси при PCR тестот има огромно значење бидејќи сега е утвредно дека сѐ што е над 30 циклуси всушност ги зголемува примероците толку многу што дури и незначителни низи на вирусна ДНК стануваат зголемени до тој степен што тестот се чита позитивно и тоа дури и ако вирусното оптоварување е екстремно мало или вирусот е неактивен и не претставува закана за вас или некој друг. Што значи колку повеќе циклуси поминува тестот, толку повеќе лажни позитиви се пријавуваат. На почетокот од пандемијата не ни имаше точно утврден број на циклуси за сите тестови, па така од едни производители беа со 37, други 39 итн, поради што уште тогаш, иако без резултати, се апелираше за овој проблем. Особено зошто бројот на позитивни случаи ја дефинираше пандемијата.

Исто така се појави и студија во која се докажа дека позитивен тест со 100 % точност има на 17 циклуси! 17 циклуси! Како се зголемува бројот на циклуси, така стапката на точност на тестот опаѓа!

Друга студија ја обработи зависноста на времето кога е направено PCR тестирањето во однос на пројавување на симптоми и точноста на PCR тестот. Тие заклучија дека ако на третиот или четвртиот ден по добивање на КОВИД симтоми се направи тестирање тогаш има најголема веројатност тестот да е точен и тоа 80% точност! Секој PCR тест по шестиот ден е бескорисен!

Проследете ги подетално студиите на следното видео.

Претходните препораки на СЗО беа до 45 циклуси на „засилување“ во PCR методата за да се утврди дали некој е позитивен на КОВИД или не (тестот на Дрестен). 45, кога дури и ЦКБ пред некој месец призна дека „исклучително тешко е да се открие кој било жив вирус во примерок со употреба на над 33 циклуси“.


Дел од известувањето на СЗО:

„Корисниците на ин витро медицински дијагностички уреди мора внимателно да го прочитаат и следат Упатсвото за користење за да утврдат дали рачно прилагодување на прагот на позитивност на PCR препорачува производителот.

Упатство на СЗО – Дијагностичко тестирање за САРС-КoВ-2 наведува дека е потребно внимателно толкување на слабите позитивни резултати.

Прагот на циклусите (Ct) потребен за откривање на вирусот е обратно пропорционален на вирусното оптоварување на пациентот. Кога резултатите од тестот не соодветствуваат со клиничката презентација, треба да се земе нов примерок и повторно да се тестира со употреба на иста или друга технологија NAT (тестирање на нуклеински киселини).

СЗО ги потсетува корисниците на дијагностичките уреди дека преваленцата на болеста ја менува предвидливата вредност на резултатите од тестовите; како што преваленцата на болеста се намалува, ризикот од лажно позитивни се зголемува. Ова значи дека веројатноста дека лицето кое има позитивен резултат (откриен SARS-CoV-2) е навистина заразено со SARS-CoV-2 се намалува со намалувањето на преваленцата, без оглед на тврдената специфичност.

Повеќето PCR анализи се означени како помош за дијагноза, затоа давателите на здравствени услуги мора да земат предвид каков било резултат во комбинација со времето на земање примероци, типот на примерокот, спецификите на анализата, клиничките опсервации, историјата на пациентот, потврдениот статус на какви било контакти и епидемиолошките информации“.


Сега, со пониските прагови на PCR тестовите препорачани од СЗО – практично е загарантирано дека броевите на КОВИД „случаи“ автоматски ќе паднат драматично низ целиот свет!

Интересно е дека ова „намалување на случаите“ ќе соодветсвува со воведувањето на КОВИД вакцините, па на некој начин „вакцините повторно ќе нѐ спасат“.

Рефренци:

https://www.who.int/news/item/20-01-2021-who-information-notice-for-ivd-users-2020-05

https://thevaccinereaction.org/2020/09/coronavirus-cases-plummet-when-pcr-tests-are-adjusted/

https://childrenshealthdefense.org/defender/who-admits-covid-pcr-test-has-a-problem/

https://www.who.int/publications-detail-redirect/diagnostic-testing-for-sars-cov-2

https://www.odnaszanas.mk/?p=3571
https://www.odnaszanas.mk/?p=114