Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Темната страна на рутинскиот витамин К кај новороденчињата

Стандардна пракса во Обединетите Нации и повеќето западни земји, од 1944 година, е да им посакаат добре дојде на бебињата во светот така што ги подложуваат на палета од медицински интервенции, меѓу кои една е и инјекција со содржина полна со витамин К.

Ваквото рутинско инјектирање се прави скоро на сите ново-родени, освен доколку вие како родител, одбиете да дадете согласност.

Породувањето е огромно сензорно искуство за вашето бебе. Тоа претходно никогаш не искусило чувство на студ или глад, не било заслепено од вештачки светла и не го осетило допирот на човечките раце или метални инструменти, хартија или облека. Дури и гравитацијата е чудно чувство.

Боцкањето со игла може да биде страшен напад за бебешкиот штотуку пренатрупан сензорен систем, кој се обидува да се прилагоди на надворешниот свет.


Витаминот К е потребен за вашето бебе?

Неодамна имав задоволство да го интервјуирам најголемиот експерт во светот за витамин К, д-р Cees Vermeer, PhD, Помошник професор на Biochemistry на University of Maastricht (во Холандија). Возбуден сум што можам да споделам со вас некои од најновите информации за витаминот К кои тој ги сподели со мене.

Додека оваа интервенција може да не е соодветна поради причини кои детално ќе ги образложам, витаминот К е апсолутно потребен за вашето бебе. Во секој случај, има побезбедни и неинвазивни начини  да го нормализирате вашето бебе со соодветно ниво на витамин К, за кои не е потребно потенцијално штетна инјекција.

Најпрво, зошто оваа инјекција воопшто се дава?

Витаминот К е потребен за нормална коагулација на крвта кај возрасните и децата. Некои бебиња (во суштина, повеќето од нив) се раѓаат со несоодветно ниво на витамин К.

Кај некои ново-родени, овој недостаток може да доведе до сериозно крвавење, вообичаено во првата недела од животот, кое се нарекува Болест кај новороденче (Disease of the Newborn – HDN). Внатрешното крвавење се случува во мозокот и внатрешните органи, и може да доведе до сериозни повреди и можна е дури и смрт.

Додека оваа болест е ретка (честотата е 0,25% до 1,7%) [1], стандардна е праксата да се даваат инјекции со витамин К како превентивна мерка за сите деца, без разлика на тоа дали се присутни ризични фактори.

Вашето новороденче може да има зголемен ризик за HDN доколку е исполнет некој од следните услови:

  • Предвремено породување;
  • Дете со мала телесна тежина при раѓање;
  • Пораѓај со екстрахирање со вакуум или форцепс;
  • Мајката користи антибиотици, антикоагуланси, анти- конвулсанти и други медикаменти за време на бременоста;
  • Неоткриена болест на црниот дроб;
  • Екстремно брзо, или екстремно оддолжено породување, особено во фазата на туркање;
  • Породување со царски рез.

За жал, моменталните стандарди за нега во поглед на HDN и витамин К, беа воспоставен во праксата без адекватно истражување кое би имало за цел да утврди што е најдобро за новороденчињата. Овие пристапи кои се воведуваат со брзина на куршум беа секако вообичаени за медицинските лица, но им недостасуваше било каква анализа за можните странични ефекти за бебето.

Зголемената стапка на обрежувања веднаш после раѓањето, пред децата да можат да развијат соодветно ниво на витамин К на природен начин, придонесе инјекцијата со витамин К да стане рутинска, со цел да се намали ризикот од зголемено крвавење при овие прерани обрежувања.

Како што беше посочено од еден читател на Mercola, интересно е да се забележи дека природното ниво на протромбин кај новороденчињата достигнува нормални вредности меѓу 5-тиот и 7-миот ден, достигнувајќи го врвот околу 8-миот ден од животот, што е поврзано со формирањето на бактерии во дигестивниот тракт на бебето кои го произведуваат витаминот К кој пак е неопходен да се формира овој засирувачкиот фактор. Се вели дека 8-миот ден е единствениот ден во животот на бебето кога неговото ниво на протромбин по природен пат ќе надмине 100% од нормалното.

Како што се знае, Генезата 17:12 од Библијата налага спроведување на обрежување кај машките деца на 8-миот ден од раѓањето – препорака која постоеше долго пред да биде поткрепена од науката.

Било какви заклучоци за значењето на оваа анегдота ќе ги оставам на вас, но како и да е, интересно е.

Колку што јас знам, само една држава има закон кој налага инјектирање на витамин К – New York States [2] која е озлогласена за ограничување и превенирање било какви ослободувања од  вакцинација и други наложени медицински третмани кај децата.

Како и да е, специфични  инструкции за тоа како да се откажете од инјекција (и вашето новороденче да прими витамин К орално), за Њујорчаните [3] и жителите на другите држави, можете да најдете кај Организацијата за ослободување од вакцини, која има веб страница специфично за  Њујорчаните кои сакаат да ја избегнат вакцината за Hepatit B, инјекцијата со витамин K, или примената на сребрен нитрат во очите на вашето новороденче.

Опасноста од инјекцијата за која не ве предупредуваат

Постојат три главни области на ризик поврзани со оваа инјекција:

  1. Меѓу најзначајниот е нанесувањето болка веднаш после раѓањето кое има потенцијал да предизвика психо- емоционална штета и траума кај новороденчето.
  2. Количината на витамин К инјектирана во новороденчињата е 20.000 пати поголема од потребната доза. Дополнително, инјекцијата може да содржи конзерванси кои може да бидат токсични за деликатниот млад имун систем на вашето бебе [4].
  3. Инјекцијата креира дополнителна можност за инфекција во околина која ги содржи едни од најштетните бактерии, во време во кое имуниот систем на вашето бебе сѐ уште не е развиен.

Како и да е, важно е да се коригира евидентираното за еден мит кој беше пропагиран со години, за опасноста од инјектирањето на витамин К во новороденчињата.

Пред неколку години беше сугерирано дека инјекцијата со витамин К е поврзана со појавата на рак и леукемија.  Но, овој заклучок беше погрешен. НЕМА ПОЗНАТА воспоставена врска меѓу овие две.

Како што беше спомнато погоре, овие инјекции можеби не се најсоодветниот метод за дополнување до потребното ниво на витамин К – но зголемениот ризик од рак не е легитимна грижа.

Иако предвременото стегање на папочната врвца треба да се избегнува, бидејќи може да резултира со потенцијално оштетување на мозокот, нема доволно докази кои кажуваат дека ова може да доведе до намалено ниво на витаминот К кај новороденчињата, иако повремено може да го сретнете ова тврдење.

Предизвикувањето болка веднаш после раѓањето може да има долгорочни ефекти за вашето новороденче

Повеќе од еден век, многу медицински лица стоеја на тоа дека новороденчињата не чувствуваат болка, на основа на античките предрасуди и „научните докази“  кои се докажани како неточни од многу одамна. Многу од нив тврдеа дека новороденчињата не чувствуваат болка, односно дека не ја помнат на начин на кој тоа се случува кај возрасните.

Всушност, бебињата не само што ја чувствуваат болката туку колку порано ја искусат, толку повеќе може да бидат поштетни и потрајни психолошките ефекти.

Д-р David B. Chamberlain, психолог и со- основач на Асоцијацијата на Пре- и Перинатална  Психологија и Здравје (Association of Pre-and Perinatal Psychology and Health) напиша во неговата статија „Бебињата не чувствуваат болка. Век на негирање во медицината“ [5].

„Колку порано детето е изложено на болка, поголема е можноста за штета.

Раните болки вклучуваат: да се биде роден пред време во вештачки направена „матка“ од страна на човекот, да се биде роден во нормален термин во соба креирана од човекот за таа намена, да се биде изложен на било каква операција (поголема или помала) и да се биде обрежан.

Мораме да ја алармираме медицинската заедница за психолошката опасност од рана болка и да повикаме за отстранување на сите човечки индуцирани болки кои се присутни при породувањето.“

Во 1999 година, Science Daily објави статија [6] за наодите на истражувачки тим при Washington School of Medicine дека новородените кои се изложени на серија од болни третмани покажуваат палета од долгорочни ефекти кога се повозрасни деца, вклучително и изменета реакција на болката, како и претерана реакција на стрес.

Студија од 2004 година [7] наоѓа дека многу рана болка или искуство на стрес имаат долгорочни негативни последици кај новороденчињата, вклучувајќи и промени во централниот нервен систем и промени во реакцијата на невроендокриниот и имуниот систем кога стануваат возрасни.

Слично, студија од 2008 година за аналгезија кај бебињата и децата заклучува [8]:

„Здравите новороденчиња рутински искусуваат акутна болка за време на земањето крв за метаболички скрининг, инјектирањето со витамин К или со HepB вакцината, или со обрежувањето.

Акутната болка предизвикана со процедури кои опфаќаат прободи во кожата може да доведат до психолошка нестабилност и проблеми во однесувањето и има негативни ефекти при процесирањето на последователните болки, развојот и реакцијата во стресни состојби.

Поради овие штетни ефекти, намалувањето и превенцијата на болката се вредни клинички цели кои исто така се очекувани и од страна на повеќето родители.“

Дополнително на кажаното погоре, можната траума од инјектирањето може исто така да го загрози воспоставувањето на процесот на доење, кој е од исклучителна важност и за мајката и за бебето.

Оралниот витамин К е безбеден и ефективен метод за да се достави потребното количество на витамин К

Алтернативата за инјекцијата со витамин К е неверојатно едноставна: дадете го витаминот ОРАЛНО. Безбедно е и подеднакво ефективно и избегнете било какви несакани ефекти.

Оралниот витамин К се апсорбира помалку ефективно споредено со витаминот К од инјекцијата. Сепак, ова едноставно може да се компензира со прилагодување на дозата. И бидејќи витаминот К не е токсичен, нема опасност од предозирање или лоша реакција.

Доколку доите, што се надевам дека и правите, на вашето бебе може да му биде дадено неколку ниски дози на течен витамин К1 и да ја добие истата заштита од HDN како што би ја добило со инјекцијата.

Конечно, треба да го консултирате вашиот педијатар за дозата која е соодветна за вашето бебе.

Cochrane Collaboration ја има определено следната табела за дозирање, која резултира со многу слични резултати за стапките за заштита од HDN [9]:

  • 1 mg течен витамин К неделно, или
  • 0,25 mg течен витамин К дневно.

Во иднина е потребно истражување со цел да бидат посочени посоодветни упатства за дозирањето на оралниот витамин К кај новороденчињата. Сепак, запомнете дека нема несакани ефекти набљудувани кај возрасните или бебињата кои ќе примат значително поголеми дози на витамин К во однос на тоа што реално им е потребно. И дозата која ќе биде дадена орално е значително помала од мега дозата дадена со инјекцијата.

До сега, нема опасност од надминување на знакот за нешто да ве направи сигурни дека вашето бебе е соодветно заштитено се додека науката не обезбеди упатство за прецизно дозирање.

Исто така, можете на природен начин да го зголемите нивото на витамин К кај вашето бебе, доколку доите, со зголемување на вашето ниво на витамин К.

Млекото на жена која дои е тестирано и најчесто има ниска доза на витамин К затоа што жените вообичаено имаат недостаток на витамин К. Доколку жената зема додатоци за витамин К, тогаш нејзиното млеко ќе биде побогато со витамин К, како што е и очекувано.

Според д-р Vermeer, мајките кои земаат адекватно ниво на витамин К и кои дојат можеби нема да треба на нивните бебиња да им даваат додатоци за витамин К.

Но, мора да бидете внимателни бидејќи вашето ниво на витамин К е оптимално и за повеќето жени, витаминот К кој се апсорбира преку храната не е доволен, па додатоците се веројатно потребни.

Што треба да направите пред да се роди вашето бебе?

Конечно, изборот дали ќе прифатите или нема да прифатите вашето бебе да прими инјекција со витамин К е ваша. Сега барем имате информација со која ќе можете да донесете информирана одлука.

Какви сакате да бидат првите моменти од животот на вашето бебе?

Има палета на болки кои не може да бидат избегнати, кои не можете да ги превенирате, без разлика на тоа колку многу сакате да го заштитите вашето дете од болката и страдањето. Зошто да не елиминирате еден извор на болка кој е апсолутно непотребен и е под ваша контрола?

Доколку изберете да не го изложите вашето дете на витамин К1 во форма на инјекција и преферирате да го прими орално, треба да назначите многу ЈАСНО не само на вашиот лекар туку и на целиот медицински персонал, бидејќи тие во суштина се лицата кои ќе го спроведат инјектирањето на витаминот К.

За време на возбуденоста од породувањето ќе биде многу тешко да запомнете дека вашето дете не требаше да ја прими инјекцијата. Па, исто така пожелно е да има покрај вас некој како вашиот сопруг за време на породувањето кој ќе ги потсети дека вашето дете не треба да ја прими инјекцијата.

Ве молам имајте предвид дека тоа е истата стратегија како доколку ја донесете истата одлука која јас ја донесов во врска со вакцината против Hepatits B која се дава на новороденчињата.

Но запомнете, мора да бидете про-активни. Вообичаено медицинските сестри нема да прашаат за вашата дозвола за да му дадат инјекција со витамин К на вашето бебе, бидејќи тоа е стандардна практика, па ним не им е потребна вашата дозвола. Значи треба да бидете посветени на вашето барање.

Толку е вредно да ги преземете овие неколку дополнителни чекори за да го заштитите вашето новороденче. Навистина ве охрабрувам да го направите овој дополнителен напор.

 

 

Автор д-р Меркола

Извор

Референци:

[1] Pediatrics, American Academy of Pediatrics Vitamin K Ad Hoc Task Force, May 1993,

http://pediatrics.aappublications.org/cgi/content/abstract/91/5/1001

[2]New York State Requirements for Vitamin K & Eye Drops at Birth, March 2007,

http://ffitz.com/nyvic/law/vitamin-k.htm

[3]New York State, VacLib.org & VaccineTruth.net Exemption Page

http://www.vaclib.org/exempt/newyork.htm#newborn

[4]Giving Birth Naturally, Newborn Vitamin K Injections,

http://www.givingbirthnaturally.com/newborn-vitamin-k.html

[5]David B. Chamberlain, PhD, Babies Don’t Feel Pain: A Century of Denial in Medicine,

http://www.terrylarimore.com/BabiesAndPain.html

[6]Science Daily, August 1999,

http://www.sciencedaily.com/releases/1999/08/990816065623.htm

[7]Journal of Perinatal Education, 2004,

http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1595204/

[8]Canadian Medical Association Journal, July 2008,

http://www.ncbi.nlm.nih.ozgov/pmc/articles/PMC2464482/

[9]Ronnie Falcao, Vitamin K injection or oral administration,

http://www.gentlebirth.org/archives/vitKvgf.html