Лекари за информирана согласност (Physicians for Informed Consent – PIC) е коалиција од лекари и партнер со многу непрофитни организации кои се борат за правото на информирана согланост при вакцинацијата. Мисијата на Лекарите за информирана согласност (PIC) е да достави податоци за заразните болести и вакцините и да ги обедини лекарите, научниците, здравствените работници, адвокатите и семејствата кои ја поддржуваат доброволната вакцинација. Визијата на Лекарите за информирана согласност е лекарите и јавноста да можат објективно да ги проценат податоците за заразните болести и вакцините и доброволно да се вклучат во информирано донесување одлуки за вакцинацијата.
ШТО Е ТЕТАНУС?
- Тетанусот е бактериска инфекција. Симптомите на тетанус вклучуваат мускулни грчеви и вкочанетост во вилицата (заклучена вилица), вратот и стомакот, што го отежнува голтањето или дишењето.(1)
- Во 1940-тите, околу 81% од случаите на тетанус биле фатални, но поради напредокот во животните услови, третманот и здравствената заштита, процентот се намалил на околу 6% во модерната ера. (2)
КОИ СЕ РИЗИЦИТЕ?
- Во раните 1940-ти, пред да започне широката употреба на вакцината против тетанус, тетанусот беше болест со мала инциденца – годишниот ризик од заразување со тетанус беше околу 1 на 180.000. (2) Затоа, секоја година, 99,999% од популацијата не се заразуваше со тетанус.
- Во модерната ера, ретко е да се зарази некој со фатален случај на тетанус во САД. Помеѓу 1900 и 1945 година, пред да започне широката употреба на вакцината против тетанус, стапката на смртност од тетанус опадна од 2,4 на 100.000 на 0.5 на 100.000 во населението, поради напредокот во условите за живеење, лекувањето и здравствената заштита – пад од 79% ( Сл. 1). (3)
- Истражувачките студии проценуваат дека, во отсуство на масовна вакцинација, годишниот ризик за дете помало од 10 години да добие фатален случај на тетанус во САД, во 21 век е околу 1 на 784.000 или 0.0001%. (4,5)
Слика 1: Стапката на смртност од тетанус се намали за 79% од 1900 до 1945 година, пред широката употреба на вакцината против тетанус во доцните 1940-ти.
КАКО СЕ ПРЕНЕСУВА ТЕТАНУСОТ?
Преносот на тетанус се јавува првенствено преку контаминирани рани. Тетанусот не е заразен и не може да се пренесе од човек на човек.(6)
КОИ ТРЕТМАНИ СЕ ДОСТАПНИ?
Тетанус може да се спречи со чистење на раната. Се третира со супортивна терапија, одржување на адекватни дишни патишта и тетанус имуноглобулин. (6)
ШТО СО ВАКЦИНАТА ПРОТИВ ТЕТАНУС?
Широката употреба на вакцината против тетанус во САД започна во доцните 1940-ти, а вакцината против тетанус беше комбинирана со вакцини против дифтерија и пертусис како DTP во 1948 година. Таа значително ја намали инциденцата на тетанус. Упатството на производителот содржи информации за состојките на вакцината, несаканите реакции и проценките на вакцините. На пример, вакцината против тетанус „не е евалуирана за канцероген или мутаген потенцијал или нарушување на плодноста“. (7) Понатаму, ризикот од трајна повреда или смрт од вакцината против тетанус не е докажано помал од оној на тетанусот (сл. 2).(8)
Слика 2: Овој графикон ја покажува стапката на смртност од тетанус во отсуство на масовна вакцинација и ја споредува со водечките причини за смрт кај децата под 10-годишна возраст денес. Оттука, во отсуство на масовна вакцинација, стапката на смртност од тетанус на 100.000 е 0,13 за деца под 10-годишна возраст. Во 2015 година, стапката на смртност на 100.000 за убиство беше 1,3, проследена со рак (2,0), СИДС (3,9), ненамерна повреда (8.2) и вродени аномалии (13.6). Стапката на смртност или трајни повреди од вакцината против тетанус е непозната бидејќи достапните истражувачки студии не се во можност да ја измерат со доволна точност.
Извор: Physicians for Informed Consent
DTaP – Податоци за ризик од вакцината DTaP (дифтерија, тетанус и пертусис)
Референци:
- Centers for Disease Control and Prevention. Epidemiology and prevention of vaccine-preventable diseases. 14th ed. Hall E, Wodi AP, Hamborsky J, Morelli V, Schillie S, editors. Washington, D.C.: Public Health Foundation; 2021. 316. https://www.cdc.gov/vaccines/pubs/pinkbook/downloads/tetanus.pdf.
- Magno H, Golomb B. Measuring the benefits of mass vaccination programs in the United States. Vaccines. 2020 Sep 29;8(4):Table S4. https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/33003480/.
- Grove RD; Hetzel AM; U.S. Department of Health, Education, and Welfare. Vital statistics rates in the United States 1940–1960. Washington, D.C.: U.S. Government Printing Office;1968. 559-87. https://stacks.cdc.gov/view/cdc/6200.
- Magno H, Golomb B. Measuring the benefits of mass vaccination programs in the United States. Vaccines. 2020 Sep 29;8(4):4. https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/33003480/; the study reported 113 tetanus deaths occurring in the population <80 years of age. Because 45% of tetanus deaths in that age group were <10 years of age,5 there were 51 (45% of 113) deaths <10 years of age. There are about 40 million children <10 years of age in the population, therefore, the annual risk of fatal tetanus for children <10 years of age is 51 in 40 million (1 in 784,000).
- United States Public Health Service. Vital Statistics of the United States 1945 Part 1. Table 5—Deaths from each cause, by age, race, and sex: United States, 1945. Washington, D.C.: U.S. Government Printing Office;1947. 54-101. https://www.cdc.gov/nchs/data/vsus/vsus_1945_1.pdf.
- Centers for Disease Control and Prevention. Epidemiology and prevention of vaccine-preventable diseases. 13th ed. Hamborsky J, Kroger A, Wolfe S, editors. Washington, D.C.: Public Health Foundation; 2015. 343-5. https://physiciansforinformedconsent.org/cdc-pink-book-13th-edition-2015/.
- Sanofi Pasteur Limited. Toronto, Ontario, Canada: Sanofi. Daptacel (diphtheria and tetanus toxoids and acellular pertussis vaccine adsorbed); [cited 2023 Jul 31]. https://www.fda.gov/media/74035/download.
- Physicians for Informed Consent. Newport Beach (CA): Physicians for Informed Consent. DTaP (diphtheria, tetanus and pertussis) — vaccine risk statement (VRS). DTaP vaccine: is it safer than diphtheria, tetanus and pertussis? 2023 Nov. https://physiciansforinformedconsent.org/dtap-vrs/.
- Centers for Disease Control and Prevention. Washington, D.C.: U.S. Department of Health and Human Services. 10 leading causes of death by age group, United States—2015; [cited 2017 Jun 21]. https://www.cdc.gov/injury/images/lc-charts/leading_causes_of_death_age_group_2015_1050w740h.gif.