Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

ССО – Измени на ЗОО


“РОДИТЕЛИТЕ имаат ПРВЕНСТВЕНО ПРАВО да го изберат образованието за своите деца согласно своите уверувања” –


Универзалната Декларација за Човекови Права.


Со новата Концепција за основно образование, начинот на кој е донесена и арогантноста на надлежните кон родителите, сведоци сме на грубо кршење на нашите ОСНОВНИ ЧОВЕКОВИ ПРАВА.


Зошто тоа воопшто беше овозможено да се случи?


Затоа што Законот за основно образование не обезбедува ниту еден контролен механизам за носителите на политики да не можат да заземат тоталитаристички пристап при носење на образовни политики, како во случајот на донесувањето на новата Концепција за основно образование.


Во таа насока ве известуваме дека после напорна работа, нашето Здружението за заштита на човекови права ОД НАС ЗА НАС изготви Предлог Закон за измена и дополнување на Законот за основно образование, а се’ со цел заштита на човековите права на родителите и почитување на меѓународните документи кои ја обработуваат оваа тема.

Предлогот со образложението може да го погледнете на следниот линк Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за основно образование

На основа на овој предлог, нашето здружение ќе поднесе Иницијатива за собирање 10.000 потписи со цел поднесување на Предлогот.


Ги повикуваме сите здруженија и организации кои се борат за заштита на човековите права, како и други засегнати формални и неформални групи и организации, да ја поддржат оваа иницијатива.

Нашиот дел го реализиравме во рамките на можностите. Сега, останува на Вашата поддршка. Ќе биде потребно секој засегнат родител да го даде својот потпис (на начин за кој ќе објавиме дополнителни инструкции).


Со овој Предлог Концепцијата и наставните содржини треба да бидат изготвени на начин согласно кој се почитуваат нашите права, што не е случај со постојната Концепција.


Родители!

Тргнуваме во акција, во интерес на нашите деца!


КОГА НАУКАТА НЕ Е ЕДИНСТВЕНА, КОГА СТРУКАТА НЕ Е ЕДИНСТВЕНА, МОРА ДА ПОСТОИ ПРАВО НА ИЗБОР!