Коалиција на повеќе разнолики организации и здруженија од општествениот и граѓанскиот сектор кои имаат различни дејности, но се обединети по она што е заедничко за сите нас – децата. Она за што се обединуваме е заштита на децата од родовата идеологија во образованието, општествениот и социјалниот живот, како и полова рамноправност и комплементарност меѓу мажите и жените.
Коалицијата создава подлога за стручно и професионално делување, каде што можат експерти од различни области да го дадат своето стручно мислење и допринос. Исто така, широкиот дијапазон на коалицијата овозможува будно следење на проблематиката поврзана со децата и семејството и секој новитет станува полесно забележан и соодветно реагиран.
Согласно секуларниот карактер на државата, во кој ниту една група граѓани нема право на идеолошка доминација, сметаме дека не смеат едни гледишта да бидат фаворизирани, а други занемарени и дискриминирани. Затоа, во државното образование треба да се земат предвид гледиштата и чуствата на родителите и семејствата чии деца ќе бидат изложени на новите наставни програми (родово-сензитивно образование, сексуално образование и сл). Ние, родителите на нашите деца, сакаме да ги одгледаме, воспитаме и образуваме нашите деца согласно нашиот морален интегритет, што претставува неприкосновено право на човекот согласно член 11 од Уставот на нашата земја. Дополнително, согласно член 26 (став 3) од Универзалната декларација за човекови права: „Родителите имаат првенствено право да го изберат видот на образованието што ќе им биде дадено на нивните деца“.
Визија
Растечка коалиција која прогресивно ги промовира половата рамноправност и фамилијарните вредности, со акцент на заштита на децата од родовата идеологија во формалното образование, општествениот и социјалниот живот.
Мисија
Сплотено и хармонизирано делување со заедничка цел за заштита на нашите деца од штетни закони, дискриминација и идеолошка индоктринација во образованието, општествениот и социјалниот живот. Заштита од модерната дискриминација – каде правата на поранешно маргинализираните групации, денес се ставаат на пиедестал и ги опресираат правата на сите останати граѓани, агресивно наметнувајќи им ја нивната идеологија и убедувања.
Цели
-
Будност и проактивно делување
-
Подигање на свеста кај јавноста и властите за лукаво инфилтрираните закони кои се носат под превезот на „еднакви права“, „заштита на жените“ и сл.
-
Сестрано застапување на половата рамноправност и комплементарност.
-
Организирано заедничко делување пред властите и јавноста.
-
Обезбедување на гарантираното право за слобода на изразување, согласно член 16 од Уставот на Република Македонија.
-
Заштита од модерната дискриминација – каде се дискриминирани сите оние кои ги негуваат традиционалните фамилијарни вредности.
-
Меѓусебна поддршка на партнерите во коалицијата.
Повеќе за коалицијата и идните проекти прочитајте овде.