Видеото е дел од предавањето на д-р Сузан Хамфрис во Шведска, 2014 год. – За вакцините, болестите и здравјето.
Д-р Сузан Хамфрис првенствено зборува за тетанус бактеријата, каде се наоѓа, како се пренесува, историјата на болеста и вакцинацијата против тетанус. Прикажува студии кои обработувале случаи на вакцинирана група луѓе, кои сепак ја развиле болеста на тетанус, што покажува дека вакцината против тетанус не е гаранција дека ќе бидете заштитени и самата вакцина нема придонес кон колективна заштита.
Но, исто така д-р Хемфрис неизбежно опфаќа теми кои се поврзани со вакцинацијата против други болести, како што се: мали сипаници, рубеола, пертусис и др., како и механизмот на функционирање на имунолошкиот систем, терминот „колективен имунитет“ и влијанието на вакцинацијата како епигенетски фактор.
Д-р Хамфрис е доктор, нефролог. Како што самата вели, беше дел од „зомби докторите“, додека не сфати дека вакцините, особено против грип, влијаат негативно на нејзините пациенти. За патот до вистината и својата автобиографија пишуваше во Rising From The Dead (https://www.amazon.com/Rising-Dead-Suzanne-Humphries-M-D/dp/0692648186) .
За историското имплементирање на вакцините, факторите кои влијаеле на морбидитетот и морталитетот од одредени болести во светот, пишуваше во Dissolving Illusions.
На следниот линк можете да прочитате повеќе за оваа книга, како и да најдете графици за морталитетот од одредени болести, во споредба со времето на воведување на вакцините. www.dissolvingillusions.com.
Д-р Хамфрис разви успешен протокол за третирање на пертусис (голема, магарешка кашлица) со витамин Ц. За протоколот и повеќе за неа, прочитајте на нејзината веб страна https://drsuzanne.net/ .
Доколку сакате повеќе да научите како вистински да превенирате болест која може да биде предизвикана од бактеријата на тетанус, погледнете го следното видео на д-р Хамфрис: