Skip to content Skip to footer
Извадок од Актот за основање на здружението

основни цели и задачи


Основна цел на Здружението е застапување и лобирање за унапредување на легислативата, подигнување на јавната свест во врска со заштитата и промовирање на човековите права и слободи во согласност со Уставот на Република Северна Македонија и Меѓународните конвенции како што се:

  • Право на живот (право на физички интегритет и заштита од телесни повреди);
  • Слобода на совеста и религијата;
  • Право на здравствена заштита;
  • Право на заштита на мајката, детето и семејството;
  • Право на згрижување;
  • Право на образование.
Долгорочни цели


Почитување, промовирање, продлабочување и зајакнување на заштитата на човековите права и слободи, особено почитување, промовирање, продлабочување и заштита на правата на пациентите, подигнување на свеста кај населението и медицинската фела за правта на пациентите и нивната заштита.

Промоција и заштита на човековото право за самоопределување за личното здравје и здравјето на семејството;

Зајакнување на капацитетот на организациите кои се занимаваат со заштитата на човековите права и слободи и развивање на свеста на граѓаните за важноста на граѓанското општество, хуманитарната работа и владеењето на правото;

Воспоставување дијалог помеѓу пациентите, лекарите, здравствените институции и фармацевтските компании;

Постојано следење на меѓународното законодавство и пракса во доменот на заштита на правата на пациентите, иницирање и учество во процесот на приближување и хармонизација на домашната легислатива со европското законодавство;

Развивање на квалитетна и креативна програма за едукации и консултантски услуги во областите на делување на Здруженито;

Помош во овозможување еднаков пристап до правдата;
Унапредување на здравата животна средина, запознавање на граѓаните со нивните права за здрава животна средина и слично.

Зачувување и афирмација на традиционалните културни вредности, морални принципи и негување на традиционалното семејство како исклучително важна вредност во македонското општество.

Други цели на Здружението


Да организира манифестации и јавни дебати за промоција и активно вклучување на прашањето на заштитата и промовирање на човековите права и слободи во согласност со Уставот на Република Северна Македонија и Меѓународните конвенции во главните општествени текови;

Да организира и учествува на семинари и советувања на кои се разгледува прашањето на заштитата и промовирање на човековите права и слободи во согласност со Уставот на Република Северна Македонија и Меѓународните конвенции;

Да предлага мерки и активности на надлежните органи, институции и стручни служби, со цел унапредување на регулативата во областа на заштитта и промовирање на човековите права и слободи во согласност со Уставот на Република Северна Македонија и Интернационалните конвенции, како и да учествува во следење на нејзината имплементација;

Да организира и спроведува обуки за развој на капацитетите;

Да соработува, да се поврзува и да се зачленува во други домашни и меѓународни организации кои работат на иста или слична проблематика;

Да обезбедува материјални, финансиски и правни услови за работа на Здружението и неговите членови.

Да предлага и спроведува научни и стручни истражувања во областа на човековите права и слободи во областа на здравството, образованието и образованието на семејства.