Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

За Весна Симонова

 

Родена во Скопје на 18.03.1971.

Студира на Фармацевтски факултет во Скопје (1989– 1993).
Положува стручен испит и стекнува лиценца за работа (1994).

Специјализира Фармакоинформатика со специјалистички труд од областа на Фармаковигиланца – наука за следење и проценка на несакани дејства на лекови, на Фармацевтски факултет во Скопје (2002– 2005).

Постдипломски студии по Класична хомеопатија при Училиште за класична хомеопатија Едикта од Софија, Бугарија (2010-2013).

Вработена од 1995 до денес на повеќе работни позиции: медицински представник, менаџер на група производи, координатор на стручни соработници, маркетинг менаџер, а во моментов работи како менаџер за медицински работи и менаџер за фармаковигиланца.

Во брак. Мајка на 2 малолетни деца.

Почесен член на здружението за заштита на правата на пациентите „Здравје со игла не влегува“ и активист за заштита на децата од непотребни медицински интервенции.

За темата на излагање и нејзината работата, прочитајте овде.