-Антисептичките и антиоксидантните својства на куркумата ја прават ефикасна во ублажување на симптомите на морбилите;
-Постои директна врска помеѓу малите сипаници и недостаток на витамин А, а тоа може да резултира во сериозни компликации како проблеми со очите или дури и губење на видот.
Поради тоа што морбилите се предизвикани од вирус, нема посебен третман за нив, но симптомите обично се подобруваат во рок од 7 до 10 дена1. Додека вирусот на морбилите е во тек, соодветна нега, добра прехрана и адекватен внес на течности се клучни за јакнење на вашиот имуниитет како би се помогнало во борбата против вирусот и во подобрување на опоравувањето.
Олеснување на вообичаените симптоми на морбили
Третманот на морбили се стреми да ги олесни симптомите и да го намали ризикот од компликации2. Ако се инфицирате од вирусот на морбили, потрудете се да ги воведете овие препораки за да ги ублажите непријатностите, да си помогнете за побрзо опоравување и да спречите компликации:
Останете дома и одморајте се– скоро секој кој е заразен со морбили ќе има потреба од многу одмор. Изолирајќи се себе си од личноста заразена со морбили исто така ќе помогне во спречување на ширењето на вирусот на други, особено на оние кои се повеќе ранливи на инфекцијата, како деца под една година и бремени жени3.
Одмарајте ги очите – додека се одмарате во проветрена просторија, потрудете се да избегнувате директна светлина поради тоа што очите може да станат многу осетливи. Намалете ги светлата и избегнувајте да гледате премногу ТВ, не користете други електронски уреди ниту читање, за да избегнете иритација на очите и замор4.
Олеснете си го дишењето – поради тоа што првичните симптоми на морбилите се слични на грип (покачена температура, растечен нос, кивање, кашлање и болно грло5) користењето на навлажнувач на воздух може да им помогне на дишните патишта преку олеснување на кашлицата и болното грло6.
Пијте доста течности – пијте вода и билни чаеви во интервали, во текот на денот за да ги надокнадите течностите изгубени преку потењето и температурата. Покрај тоа што ќе се намали ризикот од дехидрирање, пиењето свежи и органски цитрусни сокови како лимон и портокал, ќе го подобри имунитетот преку витаминот Ц кои тие го содржат7.
Друг здрав избор е кокосова вода, која е богата со нутриенти кои помагаат во рехидратација и чистење на телото од токсини. Исто така богата е и со антиоксиданти кои помагаат да се забрза процесот на оздравување8.
Природни лекови кои може да помогнат во борбата со морбилите
Природни третмани со билки и суплементи може да помогнат во борбата со вирусот на морбили и може да ви помогнат побрзо да се опоравите. Ова се неколку опции кои можете да ги прoбaте:
Овес – содржи доста витамин Ц, минерали и антиоксиданси и помага во забрзувањето на процесот на оздравување зашто е исто така богат и со цинк. Направете чај од овес и пијте го два до три пати дневно во интервал од 2-3 часа.9,10
Сладок корен – има антивирусни својства кои може да помогнат кај морбилите, како и кај други вируси како херпес.11,12 Можете да измежате сладок корен во прав со мед за олеснување на кашлицата. Бидете внимателни зашто слаткиот корен кога е земан во високи дози може да предизвика главоболка, мачнина, висок крвен притисок па дури и срцев удар. Пред употреба на оваа билка консултирајте се со вашиот лекар или со фарамацевт.
Куркума – со своето антисептично и антиоксидативно дејство, оваа билка помага во олеснувањето на симптомите. Пиењето на куркума со млеко два до три пати дневно ќе го подобри имунитетот.13,14
Витамин А – во земјите во развој има директна поврзаност помеѓу морбилите и недостатокот на витамин А, што може да резултира во потешки компликации како проблеми со очите па дури и губење на видот.15 Во земјите со ниски приходи, поради морбили, секоја година има од 15000 до 60000 случаи на слепило кај деца. За да се избегне губење на видот како последица од морбили, на заразените им се даваат суплементи со витамин А, посебно на децата. Овој тип на третман го намалува процентот на смртност на пола.16 Светската здравствена организација препорачува орално дозирање на 200.000 IU (100.000 IU за доенчиња) на витамин А дневно, во рок од два дена кај деца со морбили во области каде преовладува недостиг од витамин А.17
Витамин Ц – научни студии покажале дека витамин Ц во големи дози пред и после симптоми на настинка и грип олеснува и спречува респираторни проблеми и симптоми.18
Од морбили можете целосно да се опоравите применувајќи ги овие животни промени и природни лекови. Само внимавајте на знаци кои укажуваат на компликации, како изнемоштеност, дехидратација, тешкотии во дишењето или конвулзии.19 Ако се појават некои од овие симптоми, консултирајте се со вашиот лекар.
Автор Д-р Џозеф Меркола
Референци:
1 NHS Choices, Measles Treatment
3, 16 World Health Organization, Measles Fact Sheet
4 Mayo Clinic, Measles Lifestyle Home Remedies
5 Centers for Disease Control and Prevention, Signs and Symptoms of Measles
6 Health Promotion Board, Measles: Not Just A Childhood Rash
7 Med Monatsschr Pharm. 2009 Feb;32(2):49-54
8 Journal of Physiological Anthropology and Applied Human Science November 4, 2016
9 Medical News Today, January 15, 2018
10 DIY Health, Best Home Remedies for Relief and Treatment of Measles
11 “Prescription for Herbal Healing,” January 2002
12 Journal of Nutritional Science and Vitaminology November 2016
15 Survey of Ophthalmology 2004 Mar-Apr;49(2):243-55
17 Cochrane Database of Systematic Reviews 2002;(1):CD001479
18 Journal of Manipulative and Physiological Therapeutics. October 1999
Правно оградување: Текстовите објавени на страната НЕ служат за давање на медицински совети, дијагнози и третмани и секогаш не го одразуваат ставот на Здружението.